Македонија
4. August 2016 - 16:10

Случајот во Каменица не е несреќа? - На телото од удавената девојка најдени траги на насилство

31 годишната Тања Стоилковска од с. Дулица, Македонска Каменица е пронајдена мртва во водите на вештѕачката акулулација „Калиманци“. Вчера напладне нејзината мајка пријавила во плициската станица дека Тања и нејзниот 10 години постар сопруг Дарко имале расправија, по што со визилото се упатиле кон Делчево. Полицаец патролирајќи околу езерото забележал мртво тело на поВршината од водата. Кон езерото воделе и траги од автомобил. Истражна екипа веднаш го извлекла телото на мртвата жена.

По извршениот лекарски преглед констатирани се повреди на главата, десната надлактица и на долниот дел од грбот, што укажува дека била и физички нападната. Обдукцијата покажала дека смртта е резулtат од давење во вода.  Мештаните велат дека Стоилковски важале за мирно и повлечено семејство.

- Жена му била во Италија.

- Тој беше домазет во Македонска Каменица. Не знам што е причината, беше многу повлечено момче, мирно беше многу.

- Ја мислам дека тие луѓе беа многу повлечени и мирни- изјави жители на М Каменица

Екипа на специјалната едниница нуркачи од синоќа трагаат по возилото и сопругот, но сеуште не се знае со сигурност дали се во езерото. Полицијата интензивно работи на решавање на семејната трагедија која засега во црно зави едно семејство.