Случајот „Меѓународен сојуз” не е измама, смета адвокат Сашо Дуковски
Од класичен облигационен однос меѓу невладината „Меѓународен сојуз“ и бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски, Обвинителство направи измама, оцени бранителот на обвинетиот Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, во своите завршни зборови во судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз“.
Тој посочи дека највисок орган во невладината „Меѓународен сојуз“, е претседателот на Собранието, а не обвинетиот Јовановски, како негов претседател, па според него, нелогични се тврдењата на сведокот Агапи Дика дека не знаела што потпишува.
– Не можам да му го утврдам статусот на Силјан Мицевски. Кој е Бојан, да го измами еден од најуспешните бизнисмени во државата. Треба да имате доказите дека некој влијаел врз него. Нека се обиде кој било од нас на Силјан Мицевски да му побара 70.000 илјади денари, а не 719.000 илјади евра, па да видиме дали ќе ги добие, наведе адвокатот Дуковски.
Освен за првообвинетиот, Дуковски завршни зборови денеска изнесе и за обвинетите Миле Јовановски и Христина Блажевска, при што му предложи на Судот да ги ослободи од вина со образложение дека обвиненијата за кои се товар се неосновани.
Првото рочиште за овој предмет се одржа на 1 јули 2020 година. Судењето за случајот го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на денешното рочиште на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е јавниот обвинител Трајче Пеливанов.
Според обвинителниот акт, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе илјади евра.
Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ – Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”.
Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.
Ново на Сител
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
