Случај на сексуалното вознемирување во касарната во Куманово, МО реагира
Вработена во Армијата во СВР Куманово пријавила дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков“.
Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила вработената во АРМ, која изјавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа.
Од полицијата информираат дека за ова е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По повод случајот се огласи Министерството за одбрана.
-Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже, Министерството ќе има нулта толеранција, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана во врска со наводите за сексуално вознемирување на припадничка на Армијата во касарната во Куманово.
– Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже Министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата, се вели во реакцијата од Министерството.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината
-
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
-
Почна свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември
-
Либија: Уапсен командант на милиција по убиството на криумчар на луѓе
-
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години
-
Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан
-
ИДФ: Повеќе од 50 ракети истрелани од Либан врз северниот дел на Израел
-
АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје