Случај кој го шокираше регионот: Жена држеле како робинка, дури ја полиле и со солна киселина

Кон крајот на минатиот месец е разоткриено ова монструозно злосторство, а уапсен е 31-годишен човек кој во својот локал во Пореч вработил жена од Славониа, сезонска работничка, искористувајќи го тоа што немала средства за живот и сместување.
И покрај тоа, за работата не и исплаќал паричен надомест, туку само повремено и давал некоја пара. Морала да спие во складиштето, а мобилниот цело време и го надгледувал. Ако згрешила нешто добивала ќотек. Насилниот газда тешко ја пворедил. Во сето тоа, како што се сомнева обвинителство, му помагала и сопругата (31).
Во пријавата стои дека таа од септември 2015 до 17. јули 2016 година му помагала на сопругот да ја држи вработената речиси во ропска положба и за нив да работи во кујната и кетеринг за да им го отплати долгот. Иако тој долг воопшто не е дефиниран, 43.годишната жената морала да работи без уредна плата.
Бруталната газдарица цело време и го следела телефонот и лап-топот. „Немаш каде да одиш од овде“, и се заканувала, а сето тоа кулминирало, кога по грбот и истурила солна киселина. По телото на насреќната жена, таа гасела и отпушоци и ја бодела со нож.
Еднаш на робинката и ја ошишала косата, а втор пат и наредила пред неа сама да се ишиша. Токму газдарицата и му наредувала на својот маж да ја тепа работничката и тоа не престанувало додека не ја повредил тешко.
За да го скријат изживувањето, односно да не ја видат ишишана и претепана, на почетокот на годинава неколку дена ја држела зклучена во оставата. Уште два дена била заклучена во спалната соба во станот.
Во меѓувреме се јавија уште неколку жртви на суровите угостители од Пореч/ Меѓу нив е и 18-годишна девојка од Кутина, на која тие и ги одзеле сите лични документи. Ниту на неа не и давале уредна плата, а пред минувачите често ја тепале.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
