Балкан
12. November 2015 - 17:54

Словенија за еден ден постави пет километри ограда на границата со Хрватска

Словенечката полиција соопшти денеска дека за еден ден поставила ограда од пет километри на границата со Хрватска, со цел да го контролира приливот на мигранти. 

Словенија потенцира дека нема да ги затвора границите.

Владата на Унгарија го спречи целиот проток на бегалци преку нејзина територија со над 200 километри огради на границата со Србија и Хрватска.