Словенија воведува нови ковид мерки
Словенечката Влада, во обид да го ограничи брзиот раст на епидемијата, синиќа донесе голем број нови рестриктивни мерки, но не се одлучи за заклучување, како што препорачаа некои експерти од здравството, чии капацитети за ковид-пациентите се на работ на издржливост.
Новите мерки стапуваат на сила од понеделник, а меѓудругото опфаќаат скратување на работното време на кафеаните и забрана за собирање луѓе кои не се членови на исто домаќинство.
Возрасната граница за лицата кои мора да имаат сертификати (прележани, вакцинирани, тестирани) е намалена од претходните 15 на 12 години, а потврдите за Ковид-19 ќе се сметаат за валидни само со идентификација со личен документ.
Угостителските објекти ќе можат да работат, при што нивното работно време ќе биде скратено, а гостите ќе смеат да бидат послужени само на маси и на соодветно растојание.
За секој посетител потребно е да се обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор, во продавниците на влезот треба да се означи колку луѓе можат да бидат истовремено внатре, платнените маски повеќе не можат да се користат, туку мора да бидат хируршки или тип FFP2 , соопшти владата по седницата, која траеше до доцна во ноќта.
До ново известување, сите ноќни клубови и дискотеки се затворени, на јавните културни и спортски настани посетителите мора да бидат на седишта со соодветно растојание, а условот за сертификатите и маските се задолжителни за присуство на верски церемонии како и растојанието меѓу верниците.
Владата не се определи за онлајн настава во училиштата, но наложи од понеделник, 15 ноември, учениците да се тестираат за коронавирус три пати место двапати неделно, како што беше досега.
По вонредната седница на владата за заклучоците говореа епидемиолозите и министерот за здравство, Јанез Поклукар.
„Здравствената состојба во земјата е алармантна и сметаме дека мерките што ги донесовме ќе имаат брз ефект врз епидемијата. Следните недели ќе бидат тешки и здравствената заштита ќе биде ставена на тест. Единствена вистинска ефикасна мерка во сегашната ситуација може да биде вакцинацијата“, нагласи Поклукар во изјавата по седницата.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
