Словенија стравува од повторно отворање на балканската рута
Во Словенија изминатите недели се зголемуваат стравувањата од повторно отворање на балканската мигрантска рута поради нестабилната состојба во Турција и заканите на Анкара дека нема да се придржува до договорот за задржување на бегалците од Блискиот Исток на своја територија, доколку ЕУ не ги исполни своите ветувања за укинување на визниот режим за турските државјани, јавуваат словенечките медиуми.
Австрија, која оваа пролет инцираше договор за спречување на мигрантскиот прилив преку Балканот, планира на својата јужна граница, освен лани поставената жица на Спилфилд, да постави и 40 километри ограда од жица на подрачјето на Дравоград, пишува љубљанскиот весник „Дневник“.
На тоа се противат некои партии и активисти, кои се залагаат за добрососедска соработка и решавање на можната нова бегалска криза на надворешните граници на Европа, но и еколошите здруженија и партијата на Зелените.
Еколозите предупредуваат дека бодликавата жица за спречување на миграните би можела да го загрози прекуграничниот геопарк Караванки, проект впишан во европската и светската мрежа на геопаркови под заштита на УНЕСКО, а исто така и одржливата програма за заштита на природата на подножјето на Алпите.
Австриската ограда кон Словенија е дел од пошироките планови, кои предвидуваат мерки за заштита на границата кон Италија и Унгарија, нагласуваат словенечките медуми.
И грчкиот министер за миграција Јанис Музалас деновиве ја повика ЕУ да подготви план Б доколку спогодбата со Турција пропадне, Хрватска уште во јуни одржа „вежба“ за спречување на мигрантскиот бран на границата со Србија, додека Србија истовремено ги зајакна своите полициски сили на границата со Македонија.
Според податоците на словенечката полиција, во Словенија во прифатните центри и домовите за азиланти заклучно со 1 август се регистрирани вкупно 277 мигранти и бегалци, од кои дел се во постапка за добивање азил. Најголем број од нив се на подрачјето на Љубљана, Логатец и Постојна.
Ново на Сител
-
Алиу тврди дека одлуката за одземање на ингеренциите за лиценци на Стоматолошката комора е аргументирана
-
Хронично болни и онколошки пациенти меѓу вработените во Флораком кои два месеца немаат плата и здравство
-
СДСМ: Нов скандал во националната агенција Еразмус
-
Манасиевски: Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата