Словенија репатрира мала група имигранти
Првпат од почетокот на мигрантска криза, Словенија успеа да врати мала група имигранти во земјите од кои потекнуваат, соопшти денеска словенечката полиција.
Како што јави ФЕНА, станува збор за седум Ирачани и еден Иранец, кои пред две седмици Австрија одбила да ги прими, па престојувале во бегалскиот центар во Постојна.
- Тие потпишале изјави дека сакаат што побрзо доброволно да се вратат во матичните земји бидејќи нивните очекувања не биле исполнети, изјави за дневникот „Журнал“ претставничката на словенечката полиција Весна Дроле, откако имигрантите се качиле на авион за Турција.
Словенечкото Министерство за надворешни работи оцени дека во наредните две години на доброволно заминување од Словенија ќе се согласат меѓу 40 и 60 имигранти.
Словенија се надева дека повеќе од половина од нив ќе бидат вратени во земјите на југоисточна Европа, а останатите во азиските или африкансите држави од кои потекнуваат.
Програмата за доброволна репатријација на имигрантите ја води Меѓународната организација за миграции (ИОМ), а за оваа програмаоваа година во Словенија се издвоени 100.000 евра, од кои 75 проценти се европски пари.
Од почетокот на годинава низ Словенија минале 96.586 имигранти и бегалци. Моментно во бегалските центри поради строгата контрола за влез во балканската рута престојуваат само петстотини лица, од кои околу стотина побарале азил во Словенија.
Во последните две седмици Австрија вратила во Словенија повеќе сто имигранти, па сега постои проблем за нивно сместување.
Ново на Сител
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград
-
Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени
-
Магла на неколку патни правци низ државата