Словенија прогласи крај на епидемијата
Словенечката влада синоќа прогласи крај на епидемијата на коронавирус, со што Словенија е првата европска земја што го стори тоа.
Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена. Сепак, бидејќи сè уште постои ризик од ширење на вирусот, некои рестриктивни мерки остануваат на сила.
Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март, а до 13 мај биле потврдени 1.464 случаи. Од коронавирус починале 103 лица.
Епидемијата на коронавирус во Словенија беше прогласена на 12 март.
Владата, исто така, донесе мерки во врска со преминувањето на границата, така што граѓаните на Словенија и на другите земји од ЕУ повеќе нема да мора да бидат ставени во карантин при влез во земјата.
Ново на Сител
-
Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно
-
Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка