Словенија поставува ограда на два гранични премини со Хрватска

Словенија, на граничниот премин со Хрватска Брегана-Обрежје, вчера почна да поставува метална панелна ограда, а поставување ограда почна и на преминот Груковје-Мацељ, објави агенцијата СТА, повикувајќи се на функционери во словенечкото МВР.
- Ако избиен нов мигрантски бран, граничниот премин ќе биде зтаворен, изјави државниот секретар во словенечкото МВР Андреј Шпенга.
- Словенија ќе стори се за миграцијата да не ја загрози безбедноста на словенечките државјани, додаде Шпенга.
- Поставувањето панелни огради на два големи гранични премини со Хрватска е во рамки на планираното поставување привремени технички пречки. Досега Словенија постави 183 километри течнички пречки за насочување на мигрантите долж својата граница со Хрватска, истакна Шпенга.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
