Фудбал
23. March 2016 - 20:06

Словенија - Македонија 1:0

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од Словенија.
 
На гостувањето во Копер нашата репрезентација е поразена од Словенија со 1:0 со голот кој го постигна Роман Бежјак во 58-минута.
 
 
Ова е прв пораз на македонската репрезентација во четирите пријателски меча со Словенија, откако на првите три дуели на победа се радуваа нашите фудбалери. 
 
Нашата најдобра репрезентација ќе има можност да го поправи впечатокот веќе на 29 март кога на арената „Филип Втори’’ во Скопје, ќе одигра пријателски меч со селекцијата на Бугарија. Овој натпревар ќе се игра во терминот од 19 часот.