Словенија: Македонци украле 152 литри дизел од камион, двајца се веднаш уапсени третиот влегол во кафеана
Тројца Македонци фатени како со пумпа крадат нафта од паркиран камион во Словенија.
„Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“, па откако почекал да види какви им се намерите, ги фатил на дело како со пумпа крадат гориво од резервоарот“, пишуваат словенечките медиуми.
Како што пренесуваат медиумите во Словенија, сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени, а третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен. Имено, тие од камионот украле 152 литри дизел.
Според информации од словенечката полиција, тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво.
Ново на Сител
-
Без струја и вода неколку скопски општини
-
Загина пешак кај општина Ѓорче Петров
-
Словенечкиот парламент го потврди Роберт Голоб за премиер
-
Анкара до Шведска и Финска: Нема напредок кон НАТО без да се исполнат турските барања
-
Единаесет новороденчиња изгореа во пожар во болница во Сенегал
-
Времето денес ќе биде сончево и топло со температури до 35 степени
-
„Ауди“ прегази пешак во Ѓорче Петров
-
Лефков објави ВИДЕО од хаосот во Собрание: Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат