Словенија: Македонци украле 152 литри дизел од камион, двајца се веднаш уапсени третиот влегол во кафеана
Тројца Македонци фатени како со пумпа крадат нафта од паркиран камион во Словенија.
„Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“, па откако почекал да види какви им се намерите, ги фатил на дело како со пумпа крадат гориво од резервоарот“, пишуваат словенечките медиуми.
Како што пренесуваат медиумите во Словенија, сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени, а третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен. Имено, тие од камионот украле 152 литри дизел.
Според информации од словенечката полиција, тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп