Словенија го суспендира Шенген и од ноќеска воведе контрола на границата
Словенија од ноќеска од полноќ воведе засилен надзор на својата граница со Унгарија и привремено ќе го суспендира Шенгенскиот режим, изјавија синоќа словенечкиот премиер Миро Церар и министерката за внатрешни работи Весна Гјеркеш Жнидар, јави Хина.
На крајот од својата посета на Лендава, недалеку од границата со Унгарија, Церар, на прес-конференција, изјави дека веќе почнале подготвителните мерки за повторна гранична контрола кон Унгарија и дека ќе се применуваат од полноќ. Оваа мерка тој ја образложи со фактот дека ЕУ се уште не зазела единствен став во поглед на бегалската криза.
Со овој потег Словенија полесно ќе го контролира протокот на луѓе, за да не остане изненадена од некоја поголема група бегалци и мигранти, а настаните со овој проблем постојано се следат и Владата е подготвена на различни сценарија, истакна словенечкиот премиер, додавајќи дека се е „под контрола“.
- Мораме ситуацијата да ја имаме под надзор, да примаме и да им помагаме на луѓето во неволја, но ќе ги третираме во согласност со предвидените постапки, уважувајќи ги нашите интеграциски и безбедносни можности, нагласи Церар.
Истовремено, во Љубљана прес-конференција одржа и министерката за внатрешни работи Весна Гјеркеш Жнидар, на која официјално беше потврдено дека Австрија од 19 часот синоќа вовела мерки на гранична контрола на три свои гранични премини кон Словенија, како што Виена деновиве и најави, исто така, поради бранот бегалци.
Гјеркеш Жнидар на средбата со новинарите кажа дека привременото укинување на Шенгенскиот режим кон Унгарија било неизбежно и итно потребно за миграцискиот бран да се стави во некаква контрола и да се спречи неконтролираниот прилив на бегалци и мигранти на словенечка територија, но дека Словенија ќе ги почитува бегалците и натаму ќе ја искажува својата европска солидарност.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа