Балкан
24. February 2017 - 12:11

Словенија дозволи еднополови бракови

Во Словенија денеска стапува во сила новиот Закон, со кој геј  двојките ќе имаат исти права како и хетеросексуалните двојки, но не им е дозволено да посвојуваат деца.

- Првата свадба меѓу две жени ќе се одржи в недела во Марибор, изјави шефицата на брачната служба во Марибор, Ксенија Клампфер.

Таа посочи дека е многу среќна и горда што ќе го склучи првиот истополов брак.

- Ние веруваме дека таквите браккови се важен чекор за формирање на инклузивно општество, во кои луѓето ќе имаат еднакви права.