Живот
6. February 2016 - 14:37

Словенечкиот град Жалец ќе гради фонатна од која ќе тече пиво

Словенечкиот град Жалец, лоциран во долина позната по производството на хмељ, ќе гради фонтана од која место вода ќе тече пиво, пренесе Танјуг.

Проектот за првата ваква фонтана во Европа е поддржан и од мнозинството градски советници и од националната туристичка организација, која смета дека тоа е одлична идеја за привлекување туристи во градот и за рекламирање на словенечките пива.

Конзервативната опозиција во градскиот совет, меѓутоа, смета дека тоа е фрлање пари во ветер во општина која има дваесетина илјади жители, плати за 10 проценти пониски од просечната во земјата, а и финансиската страна на проектот е „нетранспарентна“. 

Забелешките на опозицијата се однесуваат како за проектот, така и за локалните „зелени“, затоа што за изградбата на фонтана во градскиот парк ќе треба да бидат отсечени неколку дрвја.

Проектот ќе чини 350.000 евра, а засега градскиот буџжет може да обезбеди само половина од потребните средства. Градоначалникот смета дека останатата сума ќе биде собрана од донации.

Тој информира дека кон овие средства ќе се додадат и парите кои анонимен граѓанин, кој како добитник на рекордна премија на лотаријата Евроџекпот, ги уплатил во општинскиот буџет во 2014 година.

Според една анкета, мнзинството жители на Жалец ја поддржуваат идејата за фонтана со пиво.