Словенечкиот амбасадор Раковец во посета на Кавадарци

Словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов на денешната средба разговараа за економски теми и за унапредување на соработката. Кавадарци, според амбасадорот, не е само подрачје за квалитетни земјоделски производи, туку и на индустрија која успешно се развива.
- Во едно блиско минато кога бев вработен како правник во ЈП „Комуналец“ се реализираше еден крупен проект заедно со Светска банка и словенечка компанија, а тоа е изградбата на четири мини хидроцентрали кои до денес функционираат. Тоа беше основа за прифаќање на соработка со словенечката компанија за новиот проект кој ни е во завршна фаза. Проектот го работиме со фирмата „Колектор“, за изградба на пет хидроцентрали со сила од околу 11 мегавати кои веќе произведуваат електрична енергија, а се лоцирани на системот за наводнување и снабдување со вода „Бошава“, кои ќе ги пуштиме во работа наскоро, изјави Панов.
Градоначалникот и амбасадорот Раковец разговарале главно за економски теми. - Интересот и на двете држави е пронаоѓањето на заеднички пазар и изнаоѓање начин наши компании да отвораат фабрики таму, каков што е примерот со ИГМ –Трејд и обратно, рече Панов.
Амбасадорот Раковец изјави дека бил запознат со развојните проекти на општината.
- Панов ме запозна со развојните проекти на Општината која важи за една од најуспешните во Македонија. Видовме дека Кавадарци не е само подрачје за квалитетни земјоделски производи, туку и на индустрија која успешно се развива. Општината може да се пофали со бројни странски инвестиции. Посебно ме радува дека меѓу нив има и словенечкото претпријатие кое ги изгради петте мини хидроцентрали на реката Бошава. Добро е тоа што и една кавадаречка фирма има инвестиционо вложување во Словенија .Се надеваме на понатамошна соработка, нагласи словенечкиот амбасадор.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
