Словенечката Влада предлага усвојување „Лекс Меркатор“ по итна постапка

Словенечката Влада денеска до Парламентот достави предлог за усвојување закон по итна постапка, со кој би и се овозможило на државата да именува времени управители на компаниите со над 6.000 вработени, кои имаат проблем со солвентноста, јави ХИНА.
Овој закон, кој веќе го доби називот „Лекс Меркатор“, има за цел да спречи прелевање на финансиската криза во словенечкиот ланец супермаркети „Меркетор“ од неговиот сопственик, хрватскиот концерн „Агрокор“.
Словенечката Влада во својата иницијатива наведува дека законот се однесува на препријатија „од системско значење за финансиската стабилност на Словенија“.
Владата потенцира дека со овој закон не сака ништо да имплицира или да создаде впечаток дека одредени работни места во Словенија се загрозени, потенцирајќи дека „Меркатор“ засега функционира стабилно.
„Меркатор“ вработува речиси 11.000 лица во Словенија и неговото кумулативно учество во словенечниот БДП изнесува 10 проценти.
Поради финансиските проблеми на „Агрокор“, Хрватскиот сабор во минатиот четврток по итна постапка усвои Закон за постапка за принудна управа во трговските друштва од системско значење за државата, кој беше наречен „Лекс Агрокор“. Трговскиот суд во Загреб во понеделникот на предлог на хрватската Влада го именуваше Анте Рамљак за принуден управник на „Агрокор“ и воведе забрана за покренување судски, извршни и управни постапки против концернот и против 24-те компании кои се дел од него.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
