Словенечката влада го продолжи надзорот на границите со Хрватска и Унгарија

Словенечката влада на седница одржана синоќа донесе одлука за продолжување на надзорот на границите со Хрватска и Унгарија за шест месеци, односно до 21 декември, поради тензичната ситуација во светот, особено на Блискиот Исток.
– Неодамна се појавија нови закани кои сериозно го нарушуваат јавниот ред и внатрешната безбедност како во Словенија, така и во целата Европска унија.
Тие произлегуваат од конфликтот на Блискиот исток и заострувањето на односите меѓу Иран и Израел, изјави на прес-конференција словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар.
Тој оцени дека безбедносната состојба на Блискиот Исток засега не е подобрена, поради што Словенија продолжува да ги надгледува своите граници.
Истовремено, тој предупреди на новите безбедносни ризици поврзани со руската инвазија на Украина и потсети дека Словенија неколкупати во изминатите месеци беше цел на кибер напади.
-Словенија одлучи да го продолжи надзорот поради потенцијалните безбедносни ризици поврзани со Европското фудбалско првенство во Германија, претстојните Олимписки игри во Париз и илегалната миграција, додаде тој.
Поклукар повтори дека Словенија е подготвена да учествува во трилатерални мешани полициски патроли со Италија и Хрватска во заштитата на надворешната шенген граница.
Поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот исток и зголемената закана од тероризам, Словенија на 21 октомври минатата година воведе надзор на границата со Хрватска и Унгарија.
Потоа, од истите причини, Италија воведе гранични контроли со Словенија.
Ново на Сител
-

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
-

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
