Словенечката 10-часовна претстава „Сѐ уште без наслов“ денеска на МОТ

По синоќешното отворање на 44. Млад отворен театар, на фестивалската програма денеска е необичен проект за театарската публика – претстава што трае десет и пол часа. Екипа од 13 актери на Словенско младинско гледалишче, меѓу кои е и режисерот на проектот Томи Јанежич, од 11 претпладне до околу 21.30 часот вечер на сцената во Младинскиот културен центар ќе ја изведат претставата „Сѐ уште без наслов“.
Во неа режисерот Јанежич прави микс на богата, слоевита целина, која дава нов поглед на безбројните верзии на „Дон Жуан“ и донжуанизмот, зборувајќи за нашите радости, надежи, стравови и болки.

„Дон Жуан“ кое е меѓу книжевните дела со најмногу адаптации е референтна точка во истражувањето на Јанежич и неговиот тим. Паралелно со материјалот создаден на проби, Симона Семенич го напишала текстот наречен „Сè уште без наслов“.
Оваа е единствената претстава на вториот ден од МОТ. Фестивалот утре продолжува со две домашни продукции: Од 20 часот во „Театар Комедија“ Турски театар-Скопје ќе настапи со претставата „Три сетри“ од Чехов во режија на Васил Христов која премиерно беше изведена во јуни.
Ново на Сител
-

Тригодишно девојче тешко повредено откако лифт ненадејно се отворил и затворил
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
-

26-годишник од Тетово на сила одзел електричен тротинет од малолетник
-

Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници
-

Идниот месец ќе има редовно усогласување на пензиите согласно со законот, сè уште траат пресметките
-

Ангелов: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите
-

Мицкоски до Филипче: Се согласувам дека не сме исти и среќен сум поради тоа
-

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка
