Словенечка полиција: Немаме дискриминирачки однос кон мигрантите

Словенечката полиција јавно објасни дел од насоките за тоа како нејзините припадници да ги третираат мигрантите и азилантите, по обвинувањата кои пристигнаа на нивна сметка за односот кон мигрантите, но и за начинот на кој словенечката и хрватската полиција ја чуваат заедничката граница.
Со одлука на Управниот суд кон средината на месецот, словенечката полицијата јавно објави дел од правилниците за заштита на границата и третманот на мигрантите, но потоа следуваа голем број критички коментари, што е главната причина полицијата јавно да одговори на истите, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Во соопштението до јавноста, словенечката полиција одговорајќи на обвинувањето дека и предала дел од суверинитетот за чување на границата на хрватската полиција, објасни дека делумното објавување на стратегијата за обезбедување на границата предизвикало забуна кај јавноста. Тие потсетуваат дека Словенија е потписник на договор за мешовети словенечко-хрватски патроли за чување на границата, а тие одредби требало да се почитуваат, со што го отфрлија сите обвинување на нејзина сметка.
За вторите обвинување, дека полицијата имала дискриминаторен однос кон мигрантите поради нивната етничка припадност, објаснувањето е дека се следат правилниците за ограничувањето на движењето за мигрантите, а се правело со цел да се спречи злоупотреба на системот за меѓународна заштите и дека тоа е дел од европското законодавство.
Според статистичкита податоци на полицијата од април 2018 до октомври оваа година, речиси 23.000 лица биле спречени нелегално да ја преминат границата и да влезат во Словенија. Од нив 8200 веднаш кажале дека сакаат да добијат меѓународна заштита, додека 2700 аплицирале за азил. 2500 мигранти, самоволно ги напиштиле објектите каде што биле сместени додека се решавало нивниот статус.
Ново на Сител
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
