Македонија
26. October 2015 - 13:39

Словенечка компанија изработува проект за велосипедски патеки на Јабалница

Планината Јабланица има природен потенцијал за развој на велоспиедски туризам, за што потврдува словенечка компанија која изработува проект за изградба на велосипедски патеки.

Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски информира дека словенечка компанија работи на проект за изградба на околу 30 километри велоспиедски патеки на Јабланица.

-  Јабланица е планина со убави патеки, кои веќе се обележани, постојат и не треба големи инвестиции да се уредат. Потребна е работна сила која ќе ги расчисти грмушките и гранките за непречено возење велоспиед, вели Угриноски.

Според него, и сега има голем број велосипедисти кои доаѓаат на рекреација, но со комплетната реализација на проектот и уредување на патеките очекува поголем интерес.

За сместувачки капацитети, градоначалникот посочува дека општината располага со довоелн број легла.

- Велоспиедистите не бараат квалитетно сместување, бараат само кревет, бања и по цел ден се на терен со ранците и велосипедите, истакна Угриноски.