Македонија
7. March 2017 - 16:06

Словенечка амбасада: Во говорот на Ерјавац не е спомената платформата

Словенечката амбасада во Скопје денеска во соопштение појасни дека министерот за надворешни работи на Република Словенија Карл Ерјавец, на вчерашната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во текот на својата дискусија не се дефинирал во однос на платформата, координирана помеѓу албанските партии во Македонија.

Во соопштението се додава дека во неговиот говор не се споменува ниту зборот платформа.