Словачкиот амбасадор Безак ја посети општина Ѓоче Петров
Словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак денеска ја посети општина Ѓорче Петров и се сретна со градоначалникот Сокол Митровски.
Како што информира општина Ѓорче Петров, Безак изразил интерес за инвестирање на словачки компании во оваа локална самоуправа и се интересирал за работоспособните млади стручни лица кои би можеле да ги извршуваат задачите, кои би произлегле од барањата на заинтересираните компании.
Градоначалникот Митровски изразил подготвеност за непосредна соработка и за брзо реализирање на планираните инвестиции. Митровски истакнал дека во општина Ѓорче Петров има доволно високо образовани стручни лица од сите профили, кои се подготвени одговорно да ги извршат сите задачи кои би произлегле од работното место.
На средбата, заедно со амбасадорот Безак присуствувал и заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Андонов, кој помогнал да се реализира посетата.
Градоначалникот Митровски на гостите им подарил книга „100 години општина Ѓорче Петров и 20 години самоуправа“, издадена во септември годинава, по повод празникот на општината-20 Септември.
Ново на Сител
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици
-
Сончево и многу топло, до 38 степени
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025