Словачки обвинител тврди дека убиството на Куциак веројатно било нарачано

Убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куциак и неговата девојка минатиот месец најверојатно било нарачано, изјави неименуван обвинител во Братислава.
- Немаше знаци на борба и најверојатно ништо не е украдено, што укажува на тоа дека убиството било нарачано. Куциак работеше на многу стории. Полицијата спроведува неколку истраги со исто внимание, рече обвинителот.
Тој потсети дека Куциак (27) и неговата девојка Мартина Кушнирова (27) беа убиени минатиот месец во нивниот дом во близина на Братислава и додаде дека им било пукано во главите.
Полицијата ги пронајде нивните тела на 25 февруари откако роднини пријавиле дека ниту еден од нив цел ден не се јавува на телефон.
За убиството до сега никој не е обвинет, а полицијата и обвинителството продолжуваат да молчат за истрагата во чии рамки досега се испрашани 200 луѓе.
Куциак следел словачки бизнисмен чие име е споменато во „Панамските документи“, а истражувал и случаи на измами во кои тој бизнисмен бил поврзан со словачки политичари.
Тој, покрај тоа, истражувал и можна поврзаност на италијанската мафија со разни активности во Словачка.
Ново на Сител
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
