Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години

Словачката влада одобри нацрт-закон со кој би се забранило користење социјални мрежи од деца под 16 години, нагласувајќи дека тоа ќе го спречи развојот на зависност и ќе го намали социјалниот притисок и радикализација.
Доколку биде усвоен од парламентот, законот ќе им забрани на децата да креираат сметки на социјалните мрежи и ќе бара од корисниците да ја докажат својата возраст, покажуваат документите објавени на веб-страницата на словачката влада.
Се наведува дека „предложената законска иницијатива реагира на растечката улога на онлајн технологиите и социјалните мрежи во ширењето на содржини од агресивна, екстремистичка или друга штетна природа“.
Во документот се додава дека одлуката за воведување забрана за користење на социјалните мрежи од страна на лица под 16 години се базира на истражувања во психологијата и невронауката, кои покажуваат дека адолесценцијата е клучна фаза во развојот на идентитетот, критичкото размислување, регулирањето на емоциите и социјалните односи.
Предлог-законот предлага да се воведе барање за докажување на возраста на корисникот при креирање профил на социјална мрежа без давателите на интернет услуги да добијат пристап до други лични податоци. Критериумите за верификација ќе бидат во согласност со правилата на ЕУ за дигитални услуги.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
