-->
-->
Словачка планира да купи Ф-16, се оддалечува од Русија
-->
Словачка планира да купи 14 американски авиони Ф-16В, како замена за своите Мигови-29, соопшти денеска државниот секретар на Министерството за одбрана на Словачка, Роберт Ондрејчак, додавајќи дека овој потег, исто така, има за цел да ја оддалечи Словачка од Русија.-Ќе ја прекинеме работата што е можно поскоро. Најважната врска со Русија се Миговите-29, кои се уште се произведуваат во Русија, и затоа донесовме одлука за Ф-16, рече Ондрејчак на маргините на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс.
Тој нагласи дека Словачка наскоро ќе добие пет хеликоптери УХ-60М „Блек Хавк“, како замена за руски хеликоптери Ми-17.
Државниот секретар истакна дека купувањето американска воена технологија ќе ја зајакне словачката геополитичка позиција и стратешката врска.
Словачка е членка на НАТО од 2004 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
