Свет
14. September 2015 - 13:01

Словачка ја јакне контролата на границата со Австрија и Унгарија

Словачка ја зајакнува контролата на границата со Австрија и Унгарија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи за таа земја. 

- По најавата на Германија дека воведува привремени контроли на границата со Австрија, Словачка почна привремени контроли на граничните премини со Унгарија и Австрија, изјави потпаролката на МВР, Михаела Пауленова.

- Со оглед на вонредната ситуација и приливот мигранти словачката полиција го зајакна присуствотото на границите, по што се распоредени дополнителни 220 полицајци, рече таа.