Сликата на Бенкси на аукцијата продадена за над 20 милиони евра
– Делумно искинатата слика на британскиот уличен „скриен уметник“ Бенкси е продадена за 18,5 милиони фунти (нешто над 21,8 милиони евра), на наддавањето во аукциската куќа „Сотби“ во Лондон.
Уметничкото дело „Љубовта е в ѓубре“ му го донесе рекордниот хонорар на уметникот, пренесе ДПА.
Сликата, инаку првично насловена „Девојчето со балон“, се најде на насловните страници во 2018 година и доживеа многу реплики потоа. На крајот на претходната аукција кога беше продаден за 1,1 милион фунти, предметот „таинствено се самоуништи“, со помош на сечила скриени во долниот дел на рамката. Така, долната половина од уметничкото дело е надвор, во „реси“, а во рамката остана само балонот во облик на црвено срце. Се наведува дека уметникот намерно го направил тоа.
Инаку „Љубовта е в ѓубре“ ја надмина првичната проценка на вредноста од 4 – 6 милиони фунти.
Ново на Сител
-
Уапсен 30 годишен кумановец баран со потерница
-
Вечерва е заслуг, а утре Свети Никола, најчестата македонска слава
-
Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас
-
Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња
-
Обвинение за злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола
-
Фрлил пакетче дрога од автомобил, уапсен 38-годишник
-
Уапсени четири лица од Радовиш кои краделе во продажни објекти
-
23 годишник прегазил 75 годишна жена во Куманово