Следуваат натпросечно високи температури
Во текот на следните неколку денови под влијание на јужно воздушно струење ќе имаме позначителен пораст на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Времето ќе биде сончево со умерена облачност, позначителна облачност ќе има во вторник особено навечер и во текот на ноќта кон среда кога се очекуваат локални слаби врнежи од дожд, на планините ќе провејува снег. Циклонска активност и поинтензивни врнежи нашата територија треба да ја зафатат во текот на ноќта сабота кон недела, објави Славчо Поповски.
Од УХМР пак најавуваат дека денеска по котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.
Слично време не очекува и утре, додека во вторник ќе биде променливо облачно, попладне претежно на запад со локален дожд со слаб интензитет.
Во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец.
Она што е забележително за среда е дека температурата ќе се движи од од -2 до -15 степени.
Ни пристигна декември, а со него и климатолошката зима, но дали ќе ни пристигне и снегот овој месец? Попоски ни пренесува и една декемвриска подолгорочна прогноза за времето и истата можете да ја прочитате во продолжени:
Според моменталните анализи со кој ние располагаме, зимата својата сила треба да ја покаже после 10ти декември, кога очекуваме врнежи од дожд и снег, сепак поради тоа што се работи за подолгорочна прогноза, шансите за ова да се оствари и не се толку големи поради тоа што сето ова зависи од многу фактори во атмосферата.
Што се однесува пак до новогодишната ноќ, сегашните анализи кажуваат дека мали се шансите за снежна нова година но не значи тоа дека ќе биде баш така затоа што до тогаш имаме уште 30 денови што значи дека промени на оваа прогноза сигурно ќе има, но какви останува да видиме како ќе се одвиваат работите.
Инаку зимата пред нас би била просечна во поглед на температурите и врнежите, најврнежлив месец и понатаму останува февруари кога очекуваме и најмногу врнежи (дожд и снег). Но тоа не значи дека и другите зимски месеци нема да имаме врнежи. Напомена: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочна временска анализа, промени на истата и тоа како се можни, овие прогнози на нас ни служат како ориентација и резерва како би се одвивала временската состојба понатаму.
Ново на Сител
-
Поради дојави за бомби се евакуираат ученици во Аеродром
-
Нов бојкот за пазарење во маркетите, надлежните најавуваат мерки денес или во понеделник
-
Иницијатива за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет, доколку се изгласа недоверба тие сами одлучуваат дали ќе се повлечат
-
Во Собранието јавна расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Во Хрватска денеска трет бојкот на трговските синџири
-
Доналд Трамп воведува санкции врз Меѓународниот кривичен суд
-
Рубио рече дека жителите на Газа ќе бидат „привремено преместени“ за време на реконструкцијата на енклавата
-
Студено утро, преку денот сончево и ветровито