Следува постудено време со снег на планините

Постудено време со врнежи од дожд и снег на повисоките места, најавуваат метеролозите за време на викендот.
од УХМР информираат дека под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено врем. Од утре доцна попладне, како и за време на викендот најавуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во
јужните и западните делови од земјава. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен
интензитет и на планините ќе се формира помала снежна покривка.
Минималната температура утре ќе се движи од минус пет до три степени, во сабота од минус шест до три степени, во недела од минус пет до еден степен, во понеделник од минус три до два степени. Во вторник и среда ќе биде над нулата.
Дневната температура утре ќе се движи од пет до 14 степени, во сабота од пет до 10, недела од четири до девет степени, во понеделник од пет до 11, вторник од седум до 12 степени и во среда од 10 до 16 степени.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
