Следниот месец треба да стартува изградбата автопатите на коридорите 8 и 10д
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар - Букојчани (30.3 км) и Прилеп -Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри.
Со договорот што беше потпишан денеска во Владата за автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и вицепремиерот Артан Груби по потпишувањето на договорот соопштија дека годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат, а цената во просек, ќе биде 12 милиони евра по километар.
-Целосно е почитуван Законот за склучување на договорот со стратешкиот партнер. Експропријацијата уште не почната бидејќи ова е нов модел на градење на автопатишта. „Бехтел и Енка“ и ќе проектира и ќе гради, рече Рустеми.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека цените се поткрепени врз основа на физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од консултанската компанија Гранд Тортон.
-Договорот со изведувачот е изготвен согласно принципот на ФИДИК договорите, а тоа е принципот на измерени количини. Тоа подразбира дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен и на тој начин ќе се има целосна транспрантност на извршените работи и потрошените средства, рече Бочварски.
Со цел да се забрза изградбата на коридорите, како што рече, од изведувачот ќе биде применет принципот на „проектирање и изградба”, а тоа подразбира дека со договорот, на изведувачот му се дава обврската сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.
Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа -Струга - Ќафасан и 57 месеци за Гостивар - Букојчани и за Прилеп -Битола.
Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата, а во буџетот на Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Се планира секоја година од Буџетот да се издвојуваат толку средства.
За проектот, „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата. Надзорот ќе го врши ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот.
Ново на Сител
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
