Македонија
5. May 2017 - 17:11

Следната среда Уставниот суд ќе одлучи дали има правни услови за исплата на земјоделските субвенции

Следната среда Уставниот суд ќе одлучи дали има правни услови за исплата на земјоделските субвенции . Со поднесената иницијатива од земјоделскто здржение Агротиквешија,  од уставните судии беше побарано да го оспорат членот од Изборниот законик кој не дозволува исплата на субвенции до формирањето на Влада.

Директорот на Платежната агенција  во неколку наврати потврди дека потпишува налози за исплата и ги праќа во Министерството за финансии. Но од таму не ги потпишуваа поради правните пречки. Неодамна министерот за финансии пак изјави дека пари  за оваа намена се обезбедени, се чека одлуката на Уставен за да парите легнат на сметките на земјоделците.

Земјоделците се без субвенции половина година. Тие повеќе пати апелираа институциите да најдат решение за проблемот. Потенцираа дека парите им се неопходни за да го обноват производството.

Изминатиов период се соочија и со големи загуби од штетите што ги предизвика доцниот пролетен мраз и ниските температури. Комисиите кои ги формираше Владата  сеуште се на терен и прават проценки на штетите. Производителите имаат рок уште 5 дена да ги пријават .

Од УХМР денес информираа дека топлото време ги стабилизира земјоделските култури. Очекуваните врнежи во текот на викендот и следната седмица како и повисоките дневни температури ќе овозможат нормален развој на пролетните насади.