Следната среда состанок на Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болести ќе се состане следната среда, на 7 февруари. На состанокот, како што изјави за МИА портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, ќе се разгледа состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица.
Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.
- Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Северна Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Починатите имале коморбидитети и не биле вакцинирани. Кај нив лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.
Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов. Се апелира на вакцинација, особено кај ранливите категории на граѓани. Заклучно со четвртата недела од годинава, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
Ново на Сител
-
Ахмети: Немам контакт со Груби и немам детални информации каде се наоѓа
-
Уапсени 12 жени во угостителски објект во Гостивар: Го злоупотребиле туристичкиот престој
-
Канаваро назначен за нов тренер на Динамо Загреб
-
Путин испрати новогодишни честитки до Орбан и Фицо, изоставувајќи ги останатите западни лидери
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски