Македонија
11. јуни 2017 - 17:42

Следат нагли промени на времето - ако сте метеопат очекувајте го ова

Времето  во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невремe. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Веќе со стартот на новата работна недела не очекува покачување на температурите, но и повторно невреме во одредени денови.

Ако сте метеопат треба особено да внимавате бидејќи промените секако не се здрави. На сите чувствителни или хронично болни лица им се препорачува да бидат внимателни.

Можни се главоболки, вртоглавици, нервоза и омалаксаност.