Џет-Сет
2. јуни 2016 - 20:48

Славниот актер Двејн Џонсон се здебели 30 килограми

Станува збор за филмот „Central intelligence“ каде актерот глуми еден од најдобрите агенти на ЦИА, кој поради трауми од детството едноставно не може да ги поднесе насилниците.
 
Со децении славниот актер Двејн Џонсон е на строг режим на вежбање и исхрана, но за потребите на неговиот нов филм се реши на неверојатна трансформација.
 
Имено, со помош на филмски реквизити Двејн Џонсон „се здебели“ за повеќе од 30 килограми, со цел да се претвори во тинејџер кој редовно е мета на насилници,
 
Сепак актерот овојпат не се подложи на екстремно прејадување за потребите на улогата, а во продолжението на филмот повторно е сексапилен и мускулест билдер.
 
Филмот во кино салите би требало да стигне веќе ова лето.