Славење на пирејот по 11. пат во Слоештица

„Слоештица - име за цел еден свет“ е насловот на беседата што академик Влада Урошевиќ ја напиша за 11-тото по ред чествување за бардот на македонската литература Петре М. Андреевски и вековитоста на македонскиот народ.
Акцент на годинешнава манифестација е промоција на германското издание на романот „Пиреј“ - „QUECKE“, кое е тукушто отпечатено од страна на издавачката куќа GUGGOLZ VERLAG од Берлин. Преведувачот, Бенџамин Лангер успеа да ја пренесе автентичноста и моќта на зборот на Андреевски до германските читатели.
Темата „Пиреј“ ќе биде дополнително збогатена и со актерската изведба на монодрамата „Велика“ од актерката од Битолскиот народен театар Катерина Аневска – Дранговска, а целиот настан ќе биде музички проследен со изворниот звук на кавал и гајда на македонскиот виртуоз Гоце Димовски, член на етно групата „Синтезис“.
Освен традиционалната изложба на дела од годинешните гости на уметничката резиденција на „Арт Поинт - Гумно“, на средсело ќе биде поставен проектот „Дали се сеќаваш?“ - изложба на рециклирани слики и фото-разгледници, од актерките Наташа Петровиќ и Слаѓана Вујошевиќ и ликовната уметница Воскресија Андреевска.
И годинава, манифестацијата е делумно поддржана од страна на Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
