Сладок бурек нов хит во Белград

Додека некои тоа го нарекуваат „сквернавење“, други воопшто не гледаат во што е проблемот, откако една белградска пекара масовно почна да продава „бурек“ со плазма кекси и еурокрем, кој стана вистински хит меѓу граѓаните, пишува „Курир“.
Сопствничката на пекарата, 27-годишната Мара вели дека луѓето во почетокот не го прифатиле, но дека сега не можат да постигнат да испечат доволно сладок бурек поради зголемената побарувачка.
- Искрено, не знам од каде ми дојде идејатга. Само ми падна на памет. Седев сама со мајка ми и разговаравме за промените кои би можела да ги воведам во пекарата, а тоа да биде нешто невообичаено. И тогаш само реков „ајде да напрвиме сладок бурек“, изјави Марам која пред две години го наследи семејниот бизнис со пекарата.
- Во почетокот бурекот го купуваа само припадници на младата генерација, но сега навистина доаѓаат луѓе од сите возрасти, објасни Мара, додавајќи дека принципот на подготовка е ист како и кај стандардните буреци, само се разликува со полнењето.

Во оваа пекара се се работи рачно, а Мара тврди дека вкусот на слаткиот бурек е сличен на палачинките.
- Има денови кога не постигнуваме да испечеме се. Луѓето доаѓаат и купуваат за себе, за колегите, пријателите. Децата доаѓаат и се однесуваат како да станува збор за светско чудо, прашуваат дали можат само да го видат како изгледа. Во просек се продаваат околу десет тепсии на ден, но некогаш и повеќе од 15, вели задоволно Мара.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
