Македонија
30. November 2021 - 12:25

Слаба застапеност на жените во програмите на локалните самоуправи

Учеството на жените во политиките на одлучување и буџетирање на локално ниво е многу мало. Истражувањето и теренските активности кои во изминатите неколку месеци организацијата на жени од Струмица ги спроведе во една урбана и две месни заедници покажале дека приоритетите и потребите на жените речиси и да ги нема во програмите на локалните самоуправи. Проблемот е во слабата информираност, но и недоволната анимација и мотив жените од помалите заедници да се вклучат  во процесите на планирање и одлучување. Според направената анкета како приоритети за решавање жените ги посочиле проблемите од екологијата, сообраќајната и комуналната инфраструктура. 

Здружението бара од Општината овие проблеми да се решат и да најдат место во Програмата за работа во 2022 година и во буџетот на Општина Струмица.

За градоначалникот на општина Струмица активностите на организацијата на жени се многу значајни за креирањето на политики и претставуваат уште еден од најразличните канали преку кои локалната самоуправа комуницира со граѓаните 

Овие активности организацијата на жени ги реализира во рамки на проектот ,,Биди активна - Биди гласна“.