Скурлетис: Постои мнозинство во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа
Во денешниот парламент постои потребното мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа, но и за да не биде ставена во опасност довербата на актуелната влада, смета генералниот секретар на СИРИЗА и поранешен министер, Панос Скурлетис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Скурлетис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, објаснува дека Договорот од Преспа и останувањето на власт на актуелната влада, се две прашања што не се меѓусебно поврзани.
-Сѐ води кон тоа дека постои потребното мнозинство и за одобрување на Договорот од Преспа, но постои и мнозинство во денешниот парламент за да не биде под закана довербата на денешната влада, вели Скурлетис.
Во однос на тоа кога договорот би бил на дневен ред во грчкиот Парламент, Скурлетис вели дека точниот временски период ќе се одреди во зависност од тоа кога од наша страна ќе бидат завршени предвидените обврски.
Генералниот секретар на владеачката СИРИЗА, смета дека и покрај несогласувањата изразени од коалицискио партнер во владата, Панос Каменос, сепак, владата ќе го надмине овој проблем.
– Сфаќам и не го потценувам тоа, кога еден од двајцата коалициски партнери од време на време излегува и вели јас ќе создадам пречки во процесот на гласање на конкретниот договор, тоа е важен проблем, но сметам дека ќе го надминеме и ќе ни се даде можност да се справиме со другите сериозни проблеми на земјата, но и на мнозинството граѓани, објаснува Панос Скурлетис за грчката ТВ „Алфа
Ново на Сител
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи
-
Религијата мора повеќе да се вклучи во решавањето на светските конфликти, а не преку неа да се разгоруваат војните
-
Преглед на вестите од светот
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник