Скубе го предводи Вардар во Лигата на шампиони

Организаторот на играта словенскиот интернационалец Сташ Скубе ќе остане во Вардар до 2022 година. Тој го продолжи договорот со двојниот европски првак и во иднина ќе биде еден од носителите на играта кај „црвено-црните".
Скубе дојде на почетокот на сезоната и веднаш се наметна како една од важните алки во играта на Вардар. Стана миленик на публиката и битен дел од играта на тимот. Неговите игри на некои натпревари беа од огромна важност за конечниот исход, и како играч и личност покажа голема професионалност.
Сезонава во ЛШ тој постигна 59 гола, а 44 во СЕХА Газпром лигата. Во финалето на СЕХА лигата против ППД Загреб имаше реализација 5/5, а во финалето од ЕХФ Лигата на шампионите реализација 3/5. Со Вардар сезонава освои четири трофеи, почнувајќи од домашниот Суперкуп, па СЕХА Газром лигата, првенството на Македонија и ЕХФ Лигата на шампионите.
„Задоволни сме што Сташ останува со нас и во следните сезони. Со продолжувањето на соработката сигурни сме дека ќе бидеме уште подобри, а тој ќе продолжи да биде еден од лидерите во тимот. Вардар го задржува костурот на тимот и сериозно се подготвува за предизвиците во сезоната 2019/2020, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
