-->
-->
Скопското Обвинителство оформи предмет за нападот врз екипата на Нова ТВ
-->

Скопското Јавно обвинителство оформи предмет за нападот на новинарската екипа на интернет порталот Нова ТВ на 23-ти овој месец пред ТЦ „Бисер“ во Аеродром.
- Основното јавно обвинителство – Скопје прими известување од страна на Министерството за внатрешни работи во врска со настанот случен на 23 август, кога при извршување на работните задачи беше нападната новинарската екипа на интернет порталот Нова ТВ, се наведува во денешното соопштение.
Предметот, како што велат од Обвинителството, е распореден кај дежурен јавен обвинител, кој има издадени наредби и насоки кои за целосно утврдување на идентитетот на сторителот и расветлување на настанот, по што ќе следи мериторна јавнообвинителска одлука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
