Македонија
31. August 2017 - 13:04

Скопското Обвинителство оформи предмет за нападот врз екипата на Нова ТВ

Скопското Јавно обвинителство оформи предмет за нападот на новинарската екипа на интернет порталот Нова ТВ на 23-ти овој месец пред ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

- Основното јавно обвинителство – Скопје прими известување од страна на Министерството за внатрешни работи во врска со настанот случен на 23 август, кога при извршување на работните задачи беше нападната новинарската екипа на интернет порталот Нова ТВ, се наведува во денешното соопштение.

Предметот, како што велат од Обвинителството, е распореден кај дежурен јавен обвинител, кој има издадени наредби и насоки кои за целосно утврдување на идентитетот на сторителот и расветлување на настанот, по што ќе следи мериторна јавнообвинителска одлука