-->
-->
Скопското финале остана недостижно за Јотовски
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Скопје откако попладнево загуби од вториот носител Максимилијан Нојхрист од Австрија со 2-0 во сетови (6:3 и 7:6 (7:1)). Ова за Јотовски беше трето полуфинале последните три недели на фјучрс турнирите, а остана неговиот тирумф во Телави, Грузија пред две недели. За пласманот во полуфиналето нашиот тенсиер ќе освои 6 АТП поени.
Австриецот Нојхрист својата доминација во првиот сет ја имаше благодарение на одличниот сервис кога Јотовски не успеа да дојде до ниту еден брејк и Нојхрист сетот го доби со 6:3 во гемови. Во вториот сет нашиот тенисер беше на чекор до изедначување и не искорист две сте топки. Најпрвин при резултат 5:3 го загуби гемот на свој сервис, а потоа и во следниот гем на сервис на противникот не ја искористи втората сет топка. Во тај брекот повторно Нојхрист беше доминантен. Мечот траеше 1 час и 50 минути.
Во второто полуфинале Нино Сердарушиќ од Хрватска со 2-1 во сетови го победи Давид Пихлер од Австрија. Финалето се игра утре со почеток во 11 часот.
Денеска почнаа и квалификациите на вториот фјучрс турнир што ќе се игра на терените на „Тенис парк“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
