Скопско секојдневие: Деца ограбуваат деца, па телефоните им ги продаваат на Бит пазар
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ , против седумнаесетгодишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела (три ,,разбојништво“ и едно ,,тешка кражба“) и против шеснаесетгодишник од Скопје поради постоење онови на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Пријавените во периодот од 20.10.2016 година до 05.02.2017 година, на подрачјата на Центар и Карпош, на автобуските постојки им приоѓале на оштетените и со закана им вршеле претрес по џебовите и во сите случаи од децата одземале мобилни телефони.
Додека пак, 17-годишникот „тешката кражба“ ја извршил на тој начин што му пришол на оштетениот и на дрзок начин од рака му го грабнал мобилниот телефон.
Украдените мобилни телефони, истиот ги продавал на Бит Пазар, од каде и пријавената М.И. го купила за многу пониска цена од реалната.
Ново на Сител
-
Владата додели национални признанија на 19 спортисти за врвни достигнувања во спортот
-
ДУИ реагира зошто меѓу спортистите кои добија национални признанија нема Албанци
-
И пулмолози од Скопје ќе одат во кочанската болница - Од наредната недела почнува рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот
-
Странските влијанија и можноста за отпор против лажните вести
-
Експертска дебата по препораките на Брисел за реформи на Судскиот совет
-
Опасни карпи се дробат рачно и со механизација, делницата Дреново-Фариш наскоро во сообраќај
-
Преглед на вестите од светот
-
Научно-стручна распава по предлог-законот за Судски совет