Скопските пожарникари се стекнаа со вештини за ургентна медицина

Триесет пожарникари од противпожарната единица во Автокоманда учествуваа на тренингот „Одговор при ургентни ситуации“ и добија сертификати за успешно поминат курс. Организатори се НВО „ЛинкАкрос“, Град Скопје и Противпожарната единица на Град Скопје.
На овој деветдневен курс, македонските пожарникари имаа можност да научат и практично да вежбаат за идентификација и соодветна реакција на трауми, срцево белодробно оживување и реанимација, имобилизација на повредени пациенти и соодветен транспорт, тријажа при катастрофални несреќи со голем број на повредени лица, реакција при задушување, техники на проверка на пулс и отвореност на дишни патишта, бандажирање и преврски, тимска работа во случај на несреќи и повреди...
Инструкторите на овој курс беа искусни пожарникари и медицински лица од областа на ургентната медицина од САД.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
