Скопските поликлиники ќе работат и за време на полицискиот час
Полицискиот час во државата кој од утре почнува од 16 часот попладне до 5 часот наредниот ден, не важи за вработените во скопските поликлиники. Утре и во наредните денови офталмолози, интернисти, дерматолози и останатите специјалистички ординации ќе работат и во попладневните часови.
-Според последната одлука ќе има и втора смена, ноќните служби ќе бидат како и досега, промена ќе има во вакциналните пунктови кои ќе работат од 13 до 15 часот, вели др. Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.
И додека Здравствен дом Скопје работи со засилени екипи и во полно работно време за време на вонредната состојба, со полн капациент функционира и Кол Центарот во поликлиниката Букурешт кој беше отворен пред две недели за сите прашања поврзани со корона вирусот. Според официјалната статистика, на почетокот имало и по 300 јавувања од граѓани, додека пак, последните денови регистрираат околу 150 повици за едно деноноќие.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар