Македонија
10. July 2016 - 11:39

Скопски марш за Сребреница

Бошњачка културна заедница во Македонија денеска организира Скопски марш за Сребреница со мотото „Не заборавај ја Сребреница“. 

Предвидено е маршот за Сребреница да тргне од Старата скопска чаршија и да заврши кај Камениот мост, каде ќе се прочита Декларацијата за Сребреница. 

- На 04.02.2010 Собранието на Република Македонија ја поддржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница, усвоена на 15 јануари 2009 година и се обврза дека соодветно ќе го одбележи 11 јули - Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница со што ќе им се оддаде почит на жртвите од масакрот на што сме благодарни како припадници на бошњачката етничка заедница и државјани на Македонија, се вели во соопштението од Бошњачка културна заедница во Македонија.