„Скопската тврдина - симбол на градот“ - изложба во Музеј на Град Скопје

Во Музеј на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопската тврдина - симбол на градот“. Автори се Снешка Лакалиска, виш кустос, Игор Кузмановски, кустос археолог и Драгица Живкова, советник кустос.
Повод за изложбата се педесет години од заштитните археолошки ископувања на Скопско Кале (1967-2017) кои се реализирани по големите оштетувања на тврдината предизвикани од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Тогаш првпат поцелосно е понудена јасна стратиграфска слика за вековните наталожувања на населбите кои постоеле на овој локалитет, со акцент на средновековниот период и неговата материјална култура.
Ископувањата биле изведени од Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје и во нив учествувала цела една плејада од првата генерација на македонски археолози и историчари на уметност (Н. Никуљска, И. Микулчиќ, Б. Алексова, К. Петров, Ж. Винчиќ, В. Соколовска, Д. Корачевиќ, Л. Богоевиќ, Б. Бабиќ, Т. Јанакиевски, К. Кепевски, Г. Спасовска-Димитровска, Д. Симовска, А. Керамитчиев, В. Иљоски) кои со својот ентузијазам и пионерски влог во областа на теренските истражувања трајно ја задолжиле археолошката наука во Република Македонија.
- Поттикнати од овој јубилеј, Музејот на град Скопје се вклучи во одбележувањето со поставување на изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“. Со изложбата се презентираат материјалните наоди од византискиот и османлискиот период, вредни сведоштва за минатото на Скопје кои претходно биле парцијално изложувани во музејските поставки, а денес собрани првпат во една интегрална целина, соопшти Музејот на Град Скопје за изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ која ќе може да се посети до 30 септември.
Ново на Сител
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
