Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

На 07.05.2025 во 01.00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско. По претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело.
Имено, лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените. Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со лицата и во содејство со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка по член 291 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
